ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ: Иницијативниот одбор на групата незадоволни пензионери од Делчево донесе одлука за продолжување на протестите

Иницијативниот одбор на групата незадоволни пензионери од Делчево на денешниот состанок донесе одлука за продолжување на протестите во врска со неостварените барања за линеарно покачување на постоечките пензии.

За таа цел на 1-ви ноември годинава најавија радикализирање на протестите со масовен протест пред просториите на Основниот Суд во Делчево.

-Протестите ќе ги радикализираме со блокирање на Меѓународниот пат кој поминува во близина на судот.

Сметаме дека само на тој начин ќе го свртиме вниманието на оние кои се задолжени да ги слушнат нашите барања, кои се исти како и претходно, а тоа е, пред се, линеарно зголемување на пензиите и утврдување повисок праг за најниска минимална пензија која нема да ги деградира пензионерите со ниски примања, истакнаа од Иницијативниот одбор на групата незадоволни пензионери од Делчево.

На протестот како што додадоа ќе побараат ослободување од плаќање на здравствени услуги за најзагрозената категорија пензионери, а предлагаат и доделување социјални пакети на ранливите категории пензионери.

Целта на ваквата одлука, како што додадоа е поради неостварувањето на нивните барања и минималното покачување на пензиите кое пензионерите го добија со исплатата на последната пензија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде