Тренчевска со порака до пензионерите: Целта е секој пензионер да ја добие пензијата навремено, до септември годинава покачувањето е 24%

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес на утринската емисија на телевизија Алфа зборуваше

за покачувањето на пензиите согласно новата методологија за раст на пензиите и за финансиската поддршка од изминатиот период за најранливата категорија на пензионери.

„Во моментот 13 200 денари е најниската пензија. До септември оваа година имаме покачување од 24%, додека во изминатиот период согласно Законот за финансиска поддршка на

социјално ранливите категории на граѓани беше исплатена материјална поддршка за 4 месеци од 1500 денари за пензиите од 11.525 денари и по 750 за пензиите од 11.526 до 14.000 денари“ рече Тренчевска.

Во однос на прашањата за барањата на пензионерите, министерката посочи дека јавноста и дел од пензионерите со повисоки примања не треба да ја злоупотребуваат ранливоста на пензионерите со најниски пензии за политички поени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде