Започнува зимското сметање на времето – еве кога треба да ги поместите стрелките

Во недела на 29-ти октомври ги поместуваме стрелките еден час наназад.

Иако тоа значи дека ќе спиеме дополнителен час, сепак се води дебата дали треба да се укине традицијата на менување на часовникот, односно летното и зимското сметање на времето.

Сè повеќе луѓе се залагаат за летно сметање на времето и ги наведуваат придобивките што тоа ги има за нашето ментално и физичко здравје и благосостојба.

Помалку сообраќајни несреќи

Кралското друштво за спречување на несреќи (RoSPA) повика на прекин на зимското сметање на времето, тврдејќи дека враќањето на часовниците наназад го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи поради возење во помрачните зимски месеци.

Зголемен имунитет

Добриот сон во зимските месеци е клучен за заштита од настинки и грип. Истражувањата покажуваат дека дури и мало намалување на спиењето може да влијае на имунолошкиот систем.

Помалку депресивни епизоди

Данска студија од 2017-та година на повеќе од 185.000 луѓе над 15 години покажа дека префрлањето од летно на зимско сметање на времето е поврзано со 11 отсто зголемување на депресивните епизоди.

Намалување на бројот на срцеви удари

Чарли Морли, автор на „Wake Up to Sleep“, цитира студија од 2014-та година која објави значителен пад на срцевите удари 24 часа по враќањето на часовникот наназад.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде