Битиќи со убава вест: Пензионерите ќе бидат опфатени cо новиот пакет на антикризни мерки

– За новиот закон за плати, работната група веќе има одредени рамислувања, имаме предлози се консултираме во Влада со сите министри, изјави вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој во гостување на ТВ Канал 5, рече дека наскоро би требало да има законско решение за платите.

-Ние утре веќе имаме одредени разговори со судските службеници, само колку за потсетување нивните плати се зголемени за над 70 отсто во периодот од 2014 до 2023 година.

Утре ќе ги слушнеме кои се навистина нивните барања, нивните очекувања, ќе дојдат претставниците на УПОЗ, на синдикатите и ќе видиме кои се очекувањата нивни, посочи Битиќи.

Во однос на покачувањето на платите на функционерите тој потсети дека тоа доаѓа по судска одлука, и дека политичка волја постои за промена на оваа ситуација, но потребно биле да се сменат седум закони, а притоа да се прашаат сите чинители на кои тие закони се однесуваат.

-Не е зголемување на платите, во суштина е усогласување после одлука на уставен суд, има политчка волја, но не е еден закон, за жал се седум закони.

Замислете на пример има една клаузула, член во Законот за судии кој вели ниту еден друг закон не може да им промени начин на пресметка на плати, а нивните плати се дефинираат во законот за избрани и именувани функционери, методологијата на премсетување на нивните плати е таква и се спротивно на тоа е противуставно, појасни министерот.

Додаде дека преку дијалог наскоро ќе биде најдено решение.

-Јас сум за дијалог, ќе најдеме решение, сме покажале дека низ дијалог сме наоѓале решенија, таков е примерот со системското решение на платитие во јавниот сектор кое го изнајдовме неодамна, кажа Битиќи.

Битиќи исто така најави дека наскоро ќе има и нови мерки за финансиска поддршка на граѓаните, пакет антикризни мерки, а со Закон за минимална пензија ќе се заокружи процесот на реформи.

Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ со системски решенија и навремени мерки го поддржувала стандардот на граѓаните и компаниите во време на кризи и така ќе продолжи и дека пензионерите ќе бидат дел од новиот пакет антикризни мерки.

-Имаме разбирање за сите барања на пензионерите, затоа и минатата година и оваа година имаше антикризни мерки и пакети за поддршка, енергетски пакет, пензионерите ќе бидат опфатени и со новиот пакет антикризни мерки.

Заради тоа што имаме разбирање. Законски обезбедивме два пати годишно усогласување на пензиите и досега два пати се зголемија, значи дава резултат, пензиите растат. Ние сакаме системски решенија.

Дополнително со носење на нов Закон за минимална пензија ќе го заокружиме процесот на реформи. После тоа ќе зборуваме за многу поубави работи за пензионерите, рече Битиќи. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде