Фрејзер Мајкл Бом (22), кој брзал со своето „Бмв“ и удрил во четири студентки минатата недела во Малибу, Калифорнија, е обвинет за убиство.
Тој беше приведен во вторникот и е осомничен за убиство на Нијам Ролстон, Пејтон Стјуарт, Аша Вир и Деслин Вилијамс.
Според локалните медиуми, четирите девојки загинале на 17 октомври кога Бом изгубил контрола над своето БМВ додека со голема брзина се движел на озлогласениот дел од Пацифичкиот брег.
Полицијата по несреќата соопшти дека тој удрил во неколку паркирани автомобили пред да налета на девојките кои се движеле во близина.
Починале на лице место.
Бом неповреден излегол од возилото, по што бил уапсен. Сепак, тој беше ослободен „за да им се овозможи на детективите време да ги соберат доказите потребни за да се обезбеди најсилното кривично дело и осудата“, објаснија во вторникот одделот на шерифот.
Доказите вклучуваат токсиколошки извештај, анализа на брзината и извршување на налог за претрес, соопшти полицијата. Доказите се доставени до обвинителството, а во понеделникот е додадена пријава. Тој е уапсен, а кауцијата е одредена од осум милиони долари.
Тој пред судот во средата се изјасни за невин.
Според медиумите, Бом, кој е од богато семејство и е син на милионер, наводно возел 167 километри на час наместо дозволените 72 километри на час. Неговите родители наводно поседуваат имот со поглед на Пацификот во близина на местото на несреќата.