Груевски објави скандал тежок над 100 милиони евра: Еве како ве крадат!

Од 2017 година наваму македонските граѓани се крадени преку набавките на лекови, криминалот е тежок над 100 милиони евра, вели во објава на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски во врска со вчерашната седница на анкетната комисија на Собранието за скандалот со Онкологија.

Груевски додава дека граѓаните треба да се запрашаат зошто во периодот кога тој беше премиер имаше доволно финансиски средства за набавка на нова опрема, градење и реконструкција на болници и слично, а сега нема.

Во продолжение објавата на Груевски:

– Криминалот тежок над 100 милиони евра само од 2017 година наваму, во набавките на лекови од страна на државата, а во конструкција на некои моќни политичари под превезот на наводен осигуран квалитет, а преку создавање монопол во набавките каде само на еден трговец му се дава право да понуди од тој лек преку законското попречување на т.н. паралелен увоз е неспорен, видлив и многу лесно докажлив.

Со вокабуларот на нивните обвинители кога ги прогонуваат нивните политички конкуренти “парламентот е доведен во заблуда” и гласал закон од кој поединци многу нечесно профитираа. Тоа е закон кој ќе мора да се укине во тој дел кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Само треба Македонија да добие ослободено обвинителство и судство и работите да си добијат свој тек.

За ова објавив текст на 16 август. Вчера повторно беше тема во комисијата во парламентот на која поранешниот министер за здравство одговарајќи на прашања на пратениците со повеќе детали го опиша она за што пишував.

Прочитајте. Вреди да знаете како од 2017 година ве крадат преку набавките на лекови.

И запомнете: давање на приватен трговец монопол, односно единствено право само од него државата да може да купи некој лек по цена кој тој самиот ќе ја одреди колку сака, не се прави случајно и без огромен интерес на политичарите кои го протуркале тој закон веднаш по промената на власта во 2017 година. И уште тоа го правеа со лаги и пропаганда дека исправам е голема неправда од нас.

И не се чудете зошто во времето кога бев на чело на владата имаше пари и за опрема и апарати во здравството, и за градба и реконструкција на болници и клиники, и за обуки во најнапредните клиники на светот на илјадници лекари и друг медицински персонал, и за проекти и реформи и за намалување на цените на лековите во аптеките, а сега нема ништо од тоа.

Целиот текст ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде