Кој зема највисоки, а кој најниски плати во Македонија?

ИТ инженерите и натаму имаат највисоки плати во земјава.

Нините примања во август се зголемиле за дури 10,7 проценти во однос на август 2022 година. 

Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејност  просекот е 92.464 денари. 

На второ место е „Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“. Во оваа дејност просекот е  57.954 денари, а годишниот раст е 14,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС) во август просечната нето плата изнесувала 36.390 денари. Ова е раст на просекот за 0,3 проценти, или за 104 денари во однос на август кога изнесуваше 36.286 денари.

И најниските плати вообичаено се во дејноста „Заштитни и истражни дејности“. Таму просекот е 20.021 денари. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде