Се судрија три автомобили, има повредени

Четириесет и деветгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во близина на гробиштата „Бутел“.

„На 25.10.2023 во 13.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје,

патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.“

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде