Срамно и жално: Воз поминува преку улица, а нема никаква сигнализација

Дека состојбата со железничкиот превоз не е на завидно ниво е веќе позната тема, но сепак, една објава на Фејсбук шокираше многумина. 

Како што е објавено во Фејсбук групата „Ѕид на општина Гази Баба“, и како што сами може да видите на следниов линк, воз поминува по шини кои се вкрстуваат со пат кој минува низ општината,

но притоа не се спуштени рампите за да се спречат автомобилите да излезат на пругите, ниту пак има било каква светлосна сигнализација.

Станува збор за населбата Маџари, каде на поголем дел од жителите им е јасно дека има железнички премин, но тоа не е оправдување за неработење на рампите за заштита на населението во моментите кога поминува воз.  

– Дали некој ќе направи нешто, овој проблем што секојдневно го има, да се реши под итно. Маџари рампа…

ОВА Е СРАМНО И ЖАЛНО – напиша загрижена сограѓанка која го сподели видеото во групата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде