Таксист од Делчево утринава почина кај Кочани, превезувајќи патници на кои крајната дестинација им била штипската Клиничка болница, објави локалната Телевизија Стар.
Во еден момент, возачот се пожалил на силни болки во градите, но имал сила да го сопре возилото и да се паркира безбедно. Веднаш потоа, тој починал на лице место, во возилото.
– Потресени сме и не очекувавме нешто вакво да му се случи на возачот. Пријавивме во Брзата помош, која дојде веднаш,
но подоцна дознавме дека починал, изјави за телевизијата една од патничките од таксито.
Засега не се познати идентитетот и возраста на починатиот човек.