Ужасна вест утрово го разбуди светот: Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 се ранети во престрелка во градот Левистон

Најмалку 22 лица загинаа, а меѓу 50 и 60 се ранети во престрелка во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, што се случи на две локации вчеравечер, информираат американските медиуми.

Од полицијата потврдија дека инцидентите се случиле на две локации, во ресторан и во куглана. Двата објекта се оддалечени околу 6,5 километри.

На прес-конференцијата синоќа, комесарот за јавна безбедност на Мејн изјави дека полицијата не може да го потврди точниот број на жртви бидејќи ситуацијата се уште „е во тек“, но полициски извор за „Фокс њуз“ изјави дека дури 22 лица се загинати.

Ен-би-си Њуз, повикувајќи се и на полициски извори, јави дека има меѓу 50 и 60 ранети.

Полицијата синоќа го идентификуваla Роберт Р. Кард од Боудоин, Мејн, како лице кое се сомничи дека е „вооружено и опасно“.

Според полицијата, Кард е инструктор за стрелање, пренесува „Фокс Њуз“.

Полициската управа во Левистон претходно објави три фотографии од осомничениот на кои се гледа нешто што изгледа како полуавтоматска пушка, заедно со фотографија од бел теренец и побара помош од јавноста за идентификување на осомничениот.

Канцеларијата на шерифот објави и слики од осомничениот, на кои се гледа како брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки држи пушка во позиција за пукање.

Кард, наводно, неодамна имал проблеми со менталното здравје, по што летово бил сместен во болница, дознава американската телевизија.

Во 20 часот, полицијата на Мејн на Фејсбук објави дека имало пукање во Левистон, град со 36.000 жители, околу 90 километри северно од Портланд, најголемиот град во американската сојузна држава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде