Едвај спасила жива глава: Татко монструм ја дрогирал својата малолетна ќерка му, па ја силувал – Ужасна вест го потресе целиот регион

Во Врховниот суд на Република Српска денеска се одржа второстепено рочиште за жител на Бања Лука кој со првостепената пресуда е осуден на седум години затвор за сексуална злоупотреба на својата ќерка која има 14 години.

Таткото монструм не само што сексуално ја злоставувал својата малолетна ќерка, туку и ја дрогирал. Случајот до денес немало да биде откриен да не била неверојатната храброст на девојката, која во текот на ноќта тајно излегла од куќата и му побегнала на насилникот кој чувал и оружје во куќата.

Според првостепената пресуда, злоупотребата траела од мај до јуни 2021 година. Таткото монструм бил осуден и затоа што и дал „џоинт“ на својата ќерка да се опушти, а подоцна и давал дрога речиси секој ден. Пред настанот немало пријава за семејно насилство, но имало сомнежи, кои кулминирале во јуни 2021 година.

Девојката го направила целиот план за да се спаси од рацете на насилникот. Имено, таа критичната ноќ и испратила порака на мајка си во која напишала само еден збор „Мамо!“, а после тоа следел речиси неверојатен план за да се спаси девојчето. Пораката која ја добила мајката била доволен знак да сфати дека нешто страшно и се случило на нејзината ќерка и дека итно треба да ја одведе на безбедно. Тој страшен чин всушност бил последниот чин на злоупотреба од страна на таткото, кој благодарение на брзата реакција на полицијата и надлежните стручни служби бил уапсен.

Откако ја добила пораката, мајката веднаш стапила во контакт со својата ќерка и до најситен детал и објаснила како незабележано да излезе од дома, за да не се посомнева насилникот што се случува.

Мајката го советувала девојчето да почека татко и да заспие, па да ја напушти куќата низ прозорецот. Пред тоа ја советувала да не му кажува ништо на помладиот брат за кој било утврдено дека не бил жртва на насилникот.

Девојката пред да избега од семејниот дом повикала полиција за да не ја фати подоцна нејзиниот татко. Полицијата навремено реагирала и излегла на наведената локација. По повикот девојката се качила на својот велосипед и побегнала во темнината. Благодарение на брзата реакција на патролата, девојчето било спасено, а насилникот бил уапсен и приведен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде