На социјалната мрежа Тик-ток се појавија нови смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, кој се наоѓа на интензивна нега,
откако неодамна врз него пукаше непознат сторител, по кого полицијата се уште неуспешно трагa, објавија медиумите во Скопје.
„Раде прв пат се спаси. Втор пат… ако останеш за трет пат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, се наведува во заканата од скопското подземје.
Пред неколку дена во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ беше пуканио во две лица. Според медиумите тоа беа лицето познат како Штекли и во неговиот помлад соработник со прекар Колумбо.
Двајцата во тешка состојба беа пренесени во Клиничкиот центар, но оттаму подоцна соопштија дека се надвор од животна опасност.