Почина поранешниот премиер на Кина

Поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг (68) почина рано утрово откако доживеа ненадеен срцев удар во Шангај, јави државната новинска агенција Синхуа.

Поранешниот кинески премиер доцна синоќа доживеа срцев удар и почина во 12:10 часот денеска по локално време откако не успеале обидите за реанимација.

Ли Кечијанг се повлече од функцијата премиер во март по 10 години на функцијата под кинескиот претседател Си Џинпинг.

Ли Кечијанг е роден на 1 јули 1955 година во Дингјуан, во источната провинција Анхуи, како син на функционер.

Како и другите интелектуалци, во 1974 година за време на Културната револуција, тој беше принуден да оди на село.

Како еден од само три проценти од сите кандидати кои успеале да се запишат, студирал право на Универзитетот во Пекинг и докторирал економија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде