Српскиот метеоролог Иван Ристиќ даде детална прогноза за претстојната зима во која, како што вели, не очекуваат три постудени периоди кои ќе донесат врнежи од снег во регионот.
Како што истакна Ристиќ, времето во текот на зимата која е на прагот, ќе биде условено од настани поврзани со таканаречениот поларен вртлог.
– Во текот на зимата поларниот вртлог ќе го менува својот интензитет и во моментите кога ќе слабее, дел од арктичкиот воздух ќе избега од него и ќе се спушти далеку на југ, со што ќе донесе посилно заладување и снег – истакнува метеорологот Ристиќ и додава дека оваа зима ќе има три постудени периоди кои ќе донесат студено време и снег во Европ, но и на Балканот.
„Положбата на циклонот што ќе се формира на границите на топлата и студената арктичка маса ќе донесе пообилни врнежи од снег“, вели Ристиќ
Поларниот вртлог е перзистентна област со низок притисок од големи размери со дијаметар помал од 1.000 километри што ротира спротивно од стрелките на часовникот на Северниот пол и во насока на стрелките на часовникот на Јужниот пол (во двата случаи се нарекува циклон), т.е. обата поларни вртлози се свртуваат на исток околу половите.
Според прогнозата на метеорологот Ристиќ, првиот постуден период ќе пристигне околу Нова година, најдоцна до Божиќ.
„Тој студен период ќе трае околу 20 дена, така што добар дел од јануари ќе биде вистински зимски со многу снег. Ќе биде и најстудениот дел од годината. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи се очекува слаб и умерен мраз од -10 до -5 степени. На планините силен мраз и до -20, максималната температура околу 0 степени, изјави Ристиќ“, за српски „Информер“.
Следниот, втор постуден период ќе започне околу 10 февруари и ќе трае помалку, од седум до 10 дена, но ќе донесе и многу снег и формирање на снежна покривка.
Третото и последно сериозно пробивање на студениот арктички воздух ќе биде во првата декада на март.