Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово.
Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството.
-Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор.
Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот, информираа од Обвинителството.
Како што претходно објавивме, според информациите на Алсат телевизија се работи за малолетно девојче на 16-17 годишна возраст.
„Пред неколку моменти се случи самоубиство во Тетово. Неофицијално, Алсат дознава дека се работи за малолетно девојче (16-17 години). Трагичниот настан се случи во Трговскиот центар на плоштадот во Тетово. Полицијата и обвинителството се на лице место.“, објавија од Алсат.