Силно невреме погоди делови од Балканот: Поплавени куќи и објекти, кран падна врз згради…

Силен дожд пропратен со југозападен и западен ветер ноќеска ја погоди Истра.

Поплавени се бројни шеталишта покрај море, а најпогодени се во Фажана, Ровињ, Врсар, Умаг…

Според хрватските медиуми, морето го поплавило централниот плоштад во Фажана. Врсар е поплавен, шеталиштето и патот се под вода, а државниот пат ДЦ75 меѓу Новиград и Пореч на мостот Антенал е затворен за секаков сообраќај поради високото ниво на морето.

Речиси идентична глетка е забележана денеска во неколку истарски градови покрај морето, па на шеталиштето во Ровињ граѓаните биле сведоци на излевање на морето или поплавување на центарот на градот.

Морето се излеа и во Ровињ, па ровинската комунална служба ги предупреди граѓаните да внимаваат на возилата и го затворија паркингот за да се намали можноста за оштетување. Во Умаг настрадаа и терасите на угостителските објекти кои се наоѓаат на шеталиштето. Под налетите на силниот јужен ветер, голема борова гранка се скршила и паднала на детското игралиште.

Во Пореч невремето собори огромен градежен кран врз две станбени згради. Граѓаните јавуваат дека виделе и пијавица.

Истарската полиција наведува дека немало поголеми потешкотии во сообраќајот, но во текот на ноќта се случиле пет сообраќајни незгоди. Едно лице е тешко повредено.

ДХМЗ предупреди дека поради временските услови може да има локални поплави и порои и издаде предупредување со портокалово ниво за целиот северен Јадран.

Во прогнозата на истарскиот метео портал се наведува дека веќе попладне се очекува разведрување и смирување на времето со температура на воздухот до 20 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде