Убиецот од Мејн пронајден мртов, оставил проштално писмо на својот син

Мажот осомничен за убиство на 18 лица во престрелка во Мејн е пронајден мртов по тридневна потера, соопшти полицијата.
Роберт Кард (40) е пронајден мртов од очигледно самонанесена прострелна рана, изјави комесарот за јавна безбедност на Мејн, Мајкл Сошук, пренесува Би-Би-Си.

Веста доаѓа неколку часа откако полицијата ја укина наредбата за престој дома за вообичаено тивката заедница. Меѓу загинатите има еден дедо, млад талентиран куглар и четворица глуви локални жители, на возраст од 14 до 76 години.

„Осомничениот за пукотниците во средата вечерта е лоциран и е најден мртов“, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин на Фејсбук

На прес-конференција во градското собрание на Луистон, гувернерката на Мејн Џенет Милс рече дека телото било пронајдено во Лисабон, во близина на местото каде што се случило пукањето.

Вечерва дишам со олеснување знаејќи дека Роберт Кард нема да биде закана за никого“, рече таа.

Гувернероката Милс рече дека откривањето на телото на осомничениот ќе ја постави заедницата на „долгиот и тежок пат до исцелување“.

Шефот на полицијата во Луистон, Дејвид Сент Пјер, додаде дека е „воодушевен“ од веста, но „нашата работа не е завршена овде“.

Полицијата објави дека е пронајдена и проштална белешка, во која не е наведен конкретен мотив за пукањето, а истата била упатена за неговиот син.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде