Драма доцна синоќа: Возот од Скопје за Велес се расипал во тунел

Несекојдневен случај синоќа со возот на релација Скопје-Велес, објави 4news.mk

Заедно со патниците, се расипал во пат во еден од тунелите. Неколку часа патниците биле во возот, по што во 21:50 часот пристигнал во Велес.

Проблем има и со возот кој сообраќа на релација Скопје-Битола. И тој еден патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, во четвртокот попладне и петокот наутро не сообраќал.

Патници кои биле на станицата, велат дека железничарите кои биле на перонот кажале оти била расипана единствено достапната дизел локомотива која можела да го вози возот.

Од ЈП МЖ Транспорт нема одговор.

Извор: 4news.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде