На 27.10.2023 на патниот правец Прилеп – Градско околу 00.30 часот патничко моторно возило „фолксваген голф 5“ не
застанало на претходно издадени наредби од полициски службеници за сопирање на возилото и при тоа удрило еден од полициските службеници.
Од страна на полициските службеници биле испукани куршуми, но возилото не застанало и го напуштило местото.
Подоцна возилото е пронајдено.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.