Бугаринот Виктор Стојанов нуди 300 евра на Македонци ако презимето го променат да завршува со „ов“ или „ев“

Виктор Стојанов, Бугарин кој има забранет влез во Македонија, вечерва на друштвената мрежа Фејсбук со нова провокација.

Тој нуди на семејства од Македонија да го променат презимето и наместо вски, да завршуваат на Ов или Ев.

На пример: Петар Петревски да биде Петар Петров.

„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: „Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува во објавата.

Претходно Стојанов објавуваше и статистики од наводни медиуми под бугарска контрола во Македонија, но никогаш не соопшти кои се тие.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде