Комбе полно со мигранти вчера околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица.
Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8-ми Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.
Возачот и совозачот се фатени и приведени. Според првичните информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.
Акцијата ги вознемири велешани кои беа сведоци на приведувањето, а на снимките кои се појавија на социјалните мрежи од минувачите може да се забележат дваесетина мигранти кои седат на земја покрај дуќаните под Интернационал.
Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денов.