Нашите стари знаат дека во минатото, Ноември месец бил студен и снежен, снег паѓало уште од Митровден ( 8 Ноември), објави метеорологот Славчо Попоски.
„Оваа година Ноември месец кај нас ќе биде потопол за 2 до 3 степени, што не е и малку, што значи дека токму овој месец кај нас, но и во целиот регион ќе ни донесе топли денови и натпросечно високи температури на воздухот, како и јужно воздушно струење.
Врнежите би требало да бидат околу просекот, со нешто повеќе врнежи во посеверните предели од Балканскиот Полуостров.
Сепак да напоменеме дека и покрај ова не мора да значи дека нема да имаме периоди со постудено време. Секако во Ноември го очекуваме и првиот поизразен студен бран од север, особено кон крајот на месецот, и истиот може да донесе и снег.
Се на се ќе имаме температури кои ќе надминуваат 20 степени, особено во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.
Ако вака останат работите, минусни утрински температури и мраз кај нас не се очекуваат во првата половина од месец Ноември. Сепак ќе растат условите за појава на магла по котлините и речните долини.
Едно да знаат граѓаните, а тоа е додека над Атлантикот се создаваат силни циклони и поле на многу низок воздушен притисок, кај нас нема најава за зимско сценарио.“ објави тој.