МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје e компанија за производство и дистрибуција на стока за широка потрошувачка.
На пазарот постоиме повеќе од 28 години. До 1990 година, нашата компанијата се занимаваше со големопродажба, а од 1996 година започнавме со сопствена дистрибуција.
МАКО МАРКЕТ ДОО Скопје компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи, за потребите на новиот производен погон каде се воведуваат нови технолошки напредни линии за производство на нови производи, има потреба од:
Работно место: Технолог
Индустрија: Прехранбена
Потребни услови и квалификации:
ВСС, технолошки факултет
Минимум 5 години работно искуство во прехранбена индустрија
Познавање на стандарди: ISO 22000, IFS
Солидно познавање на англиски јазик
Користење на MS Office и Internet
Иновативност, одговорност, иницијативност
Организациски способности и тимска работа
Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување
Работни обврски:
Организира и координира производство согласно план на производство
Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
Учествува во имплеметација на стандарди за безбедност на храна
Следи и координира стандарди
Развој и контрола на квалитет
Контрола на производни процеси за квалитет
Води соодветна документација
Следи и имплементира законски и подзаконски акти
Следи светски трендови во доменот на технологијата и технолошки решенија за производство
Почетна плата од 60.000 денари
Работа на нови современи автоматизирани производни линии
Работа во современ објект со воспоставени стандарди, систем и правила на работење
Бонуси за исполнување на норми и производни планови
Редовен годишен одмор
Колективно осигурување на вработени од незгода
Можност за напредување според систем за валоризација на работа
Обуки за лични и професионални вештини во нашата Академија за Лидерство
Повеќе детали може да најдете тука