ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен пратеник во Собранието на РМ

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен пратеник во Собранието на РМ

На 77-годишна возраст, почина поранешниот пратеник Гоце Андоновски.

Андоновски беше избран за пратеник од Ресен на првите повеќепартиски избори во земјава во 1990 година и беше на функцијата до крајот на мандатот на првиот состав на Собранието во 1994 година.

Беше избран за пратеник како кандидат на СДСМ, тогашен СКМ – ПДП.

Андоновски е роден 1946 година во село Царев Двор, Ресенско, а по професија е лекар-специјалист.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде