13-годишно момче од Флорида се јавило на 911 за да признае дека ја избодел до смрт својата мајка додека таа спиела до неговата двенеделна посиновица.
Во извештаите од местото на убиството, се наведува дека по ужасниот чин, тој им испратил фотографии од хоророт што го направил на своите пријатели, пишува Њујорк пост.
Дерек Роса се соочува со обвинение за убиство од прв степен и ќе му се суди како возрасен. Во петокот беше неговото прво судско рочиште, на кое тој не присуствуваше, но во негово име се појавија неговиот татко и баба.
Mомчето се јавило на 911 за да пријави дека штотуку ја убил мајка си во нивниот дом во Хиалеа. На диспечерот му рекол дека ја фотографирал убиената мајка Ирена Гарсија (39) и ги испратил фотографиите на пријатели.
„Се фотографирав и им кажав на пријателите што се случи. Дали е тоа лошо?“ , праша за време на телефонскиот повик.
Се слуша како операторот 911 прашува: „Треба да знам дали вашата мајка дише “, на што тој одговорил: „Госпоѓо, таа е мртва “, додавајќи дека има „крв на подот“. Гласот му е забележливо растреперен.
Како што пренесува Јутарњи , тој рекол дека неговата новородена сестра спиела во нејзиното креветче. На прашањето дали ја повредил, тој одговорил: „Не ја допрев“. Не сакав да ја допрам сестра ми“.
За време на 18-минутното интервју, кое заврши кога полицијата пристигна во неговиот дом, тој рече дека има крв низ целиот под.
Полицајците ја пронашле неговата мајка мртва во спалната соба до креветчето каде што е пронајдено неповредено детето старо 14 дена.
„Во моментов имам пиштол врз мене. Сакав да се застрелам, но не можев. Во мојата соба има нож, а во дневната пиштол “, се слушаше на снимката пуштена во судницата.
Хозе Роса, таткото на момчето, рекол дека никој не можел да замисли дека ќе се случи вакво нешто бидејќи неговиот син бил скромно и мирно дете.
Тој го опиша својот син како почитуван ученик, добро дете, популарен меѓу неговите пријатели. Неговиот татко признал дека не знаел што довело до нападот, но рече дека тоа што бил војник го научил неговиот син на добри вредности.
Адвокатот на Роза во неделата рече: „Мојот клиент Дерек има силна поддршка од целото негово семејство. Важно е да се запамети дека пред само два месеци, Дерек беше 12-годишно дете. Имаме целосна доверба во системот на кривичната правда и во правниот процес“.
Момчето е задржано без обврзница и префрлено во притворниот центар Метро Вест.
Нему му се заканува доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен, бидејќи Врховниот суд на САД пресуди дека смртната казна за малолетниците е неуставна.