Вонредна вест: Возилото што го возел напаѓачот на Штекли пронајдено запалено

Возилото со кое се превезувал напаѓачот на Раде Трајковски Штекли и неговата „десна рака“ е пронајдено запалено во Сарај, дознава „Слободен печат“ од свои извори.

Пред шест дена во Трговскиот центар „Ист Гејт“, непознато лице пукаше кон Раде Трајковски-Штекли и уште едно лице при што беа тешко повредени.

На местото на несреќата пронајдени се седум чаури од куршуми, кои повеќе од половина завршиле во целта.

Според емисијата „Код“, пукачот од заседа оставил јасни траги, меѓу кои отпечатоци и ДНК, кои се пронајдени и се анализираат.

Напаѓачот излегол пешки од трговскиот центар, а автомобил за бегство, црно „ауди“ без таблички го чекал на булеварот кај зградата на општина Гази Баба, преку булеварот „Александар Македонски“.

Лицето кое пукаше кон повредените моменти пред обидот за ликвидација на Штекли седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.

Една недела по пресметката Раде Трајковски по извршената операција е во стабилна состојба иако му е остранет дел од белите дробови, додека пак неговата придружба кој е со повреди во стомакот и во градната шуплина според пишувањата на дел од медиумите е приклучен на респиратор.

Инаку ова е втор обид за убиство на Раде Трајковски во последните шест месеци и тоа двата обида се случија во Ист Гејт каде тој  секојдневно одел на вежбање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде