Моќен циклон и се приближува на Македонија – еве кога започнуваат врнежите

Под влијание на моќен Џеновски циклон, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално поинтензивни и проследени со појава на грмежи.

Обилни врнежи од дожд на многу места низ Македонија ќе има во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота. Локално ќе биде нестабилно и со појава на грмежи, а можни се и поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, со што локално е можна појава дури и на град.

Во петок, како и во недела ќе биде многу ветровито, односно на повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од 60 до 80 км/час).

До недела локално во Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2, локално и над 50 литри дожд).

Во Скопје и околината очекуваме слично време, со поинтензивни врнежи од дожд во текот на ноќта петок кон сабота, но и во сабота. И во Скопскиот регион очекуваме засилен ветер од јужен правец.

Температурите, иако за неколку степени пониски, сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени, додека за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.

  • Апелираме доколку во следниот период се случат електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен јужен ветер препорачуваме крајна внимателност.

Невреме му се заканува на целиот регион, кој исто така е под влијание на овој моќен Џеновски циклон.

Во Алпскиот регион овој циклон условува интензивни врнежи од снег и вистинска зима.

Извор: Meтео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде