Најчевска распали: „Еве вака делува мафијата регистрирана како политичка партија“

По денешното продолжение на „судската сапуница“ за несреќата кај Ласкарци, во која се преврте автобус на „Дурмо турс“ при што загинаа 16 патници, а притоа беа повредени триесетина други, се огласи професорката Мирјана Најчевска. 

Таа посочува дека ова што се случува на судењето против обвинетите за несреќата, до која дошло, како што покажаа претходните вештачења на стручни лица од Машинскиот факултет поради тоа што кочниците на автобусот работеле со само 29 проценти од моќноста,

е показтел како делува мафијата во државата, посочувајќи дека мафијата е всушност ДУИ, една од водечите политички партии во земјава, која над 20 години е во власта. 

– Еве вака делува мафијата регистрирана како политичка партија под назив ДУИ.Ова е класичен начин на узурпација на судството и сите државни заштитни механизми со што се штити секој криминал на мафијата и се озаконувабрекетот.

ДУИ мора да се тргне од власт и секој поставен и вработен по нарачка на ДУИ.

До последен. Како што се чисти рак.

Не е гаранција дека нема да се поврати ама тоа е единствен начин да и дадеме шанса на државата – напиша Најчевска на својот Фејсбук профил. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде