ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ЛАСКАРЦИ“, ПЕНЗИОНИРАН ПРОФЕСОР ОД СРЕДНО ПОБИВА СÈ ШТО ВЕШТАЧЕЛЕ УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОРИ И ЈА СПАСУВА „ДУРМО ТУРС“, објави СДК.мк
Судењето за тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“ кај Ласкарци од пред 5 години, затера по чудна патека, со погазување на вештачењето на професорите од Машинскиот и од други државни факултети, од страна на т.н. супервештак, кој е пензиониран професор во средно училиште, со лиценца за вештачење. Него го одредило Бирото за судски вештачења, под раководство на Валдет Џафери, претседател на разгранокот на ДУИ во Гостивар.
Во серија прес-конференции, Алијанса за Албанците укажуваше дека компанијата „Дурмо турс“ од Гостивар е еден од главните финансиери на ДУИ.Покрај возачот Маноил Трифуновски, обвинет во овој случај кој нема пресуда 4 години и еден месец е и сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули.
Од она што можеше да се слушне и види на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, сега се води отворена битка целата вина за трагедијата да се префрли само на возачот, а да се амнестираат останатите обвинети од компанијата „Дурмо турс“, меѓу кои е и сопственикот на неисправниот автобус кој се преврте кај селото Ласкарци.За потсетување, техничката станица сопственост на „Дурмо турс“ својот неисправен автобус го пуштила да сообраќа како исправен и притоа да загинат 16 лица, а 30 да бидат тешко да повредени.
Денеска беше неброеното рочиште на кое се испитува супервештакот Љубе Постолов, кој признава дека автобусот бил неисправен, дека кочниците работеле само 29 проценти, дека црева виселе две години под него, тахографот бил местен да покажува помала брзина на движење, дека со црна лента биле залепени уредите кои покажувале повеќе неисправности на автобусот, но спротивно на професорите од Машинскиот факултет и на сообраќајните вештаци, тврди дека сето ова не влијаело за несреќата, туку исклучиво (не)реакцијата на возачот на автобусот.
Врз база на првичното вештачење од Машинскиот факултет и сообраќајните вештаци, на што се базира и обвинението, Обвинителството тврди дека токму неисправноста на автобусот на „Дурмо турс“, особено на кочниците, довело до тоа да кога обвинетиот возач изгубил контрола над автобусот, немал доволна ефикасност на сопирачкиот механизам, за да го сопре автобусот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА