По локалните избори во Бугарија, синот на Солза Грчева, Андреј Зографски, е избран за советник во градското собрание на бугарската престолнина Софија, пишува Фактор.
Зографски се нашол на предлог-листата на „Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ како прв на листата од 23 општински советници на коалицијата.
„Промените продолжуваат- Демократска Бугарија“ во Софија го „збриша“ ГЕРБ по 18 години доминација во главниот град на Бугарија.
Дури и дел од бугарските политичари се зачудени како син на поранешна пратеничка која ја води македонската партија „Глас за народот“ и
има десничарски ставови, успеал да стане Бугарин и политички влијателен.