Физички се пресметале двајцата бивши партнери на познатата манекенка Катарина Ивановска.
Како што пренесува порталот 24Инфо до инцидент во еден скопски локал дошло меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина и познатиот кошаркар Перо Антиќ.
Според написите, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил.
Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе сакајќи да го погоди Антиќ со флаши и чаши во полникот клуб погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.
Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, а за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“.
– Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, рече Антиќ.
Потоа моделот Ивановска некаде во јуни годинава објави фотографија на која е заедно со синот Вања и поранешниот партнер Цобе. Двојката пред две години се раздели, но иако разделени, заедно се на завршната претстава на синот Вања во градинката „Зелена куќа“.
По разделбата со Цобе, ова е прва фотографија која ја објави Катарина, која покрај синот ја има и ќерката Кира.
Дали можеби љубомората е причина за тепачката кон крајот на октомври во која Антиќ влегол во тепачка со Цобе во познат скопски клуб на хип хоп вечер?