ФОТО: Се преврте возило, тешка сообраќајка во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на улица Алпи во населба Бутел.

На фотографијата која ја објави веб сајтот 24инфо.мк, се гледа превртеното возило оставено до улицата, кое сведочи за ужасот кој се случил денес. 

Освен податоците за материјална штета кои се видливи, засега нема официјално повеќе информации за несреќата.

Како што наведуваат медиумите неофицијално, нема повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде