Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Имотски, Хрватска половина час по полноќ, информираат од полицијата.
Несреќата се случила на подрачјето на Граничната полициска станица во село Кутлеше.
Автомобил во кој се превезувале двајца млади момчиња излетал од патот.
Возачот и сопатникот починале на лице место.
Во тек е истрага за утврдување на околностите на оваа тешка несреќа.