МЕГА СКАНДАЛ: Државна лотарија дава 2,6 милиони евра за кирија на фирма на син на пратеник на ДУИ

Зградата во близина на Визбегово – порано служеше за свадби, сега е изнајмена од Државна Лотарија за голема сума.

Има четири ката и поткровје, се наоѓа на 7 километри од центарот на Скопје и од актуелното седиште на Државна Лотарија.

Во истражувањата на „Слободна Европа“ и „Фокус“ беше посочено дека фирмата Хеј ДООЕЛ го купила земјиштето и објектот, по што склучиле договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра.

Зделката дополнително е потврдена за сомнителна, откако Финансиската полиција отвори предистрага и според сознанија на Телма одзела документација од Лотаријата за да истражи дали има нерегуларности.

Но, фирмата „Хеј“ поврзува повеќе функционери и блиски роднини на политичари од ДУИ. Во моментот, сопственик на фирмата е Асмир Јахоски, сопственик на Пуцко Петрол и син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник во Собранието.

Тој станал сопственик на „Хеј“ на 17-ти октомври, а зделката е регистрирана во Централниот регистар десетина денови подоцна.

Оттогаш претходниот сопственик Армин Машовиќ станал само управител на фирмата која е формирана на 2-ри февруари оваа година и за кратко време склучува милионски договор со Лотарија.

Целиот текст ТУКА Извор Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде