Утрово пристигна тажна вест: Почина познатиот актер

Актерот Тајлер Кристофер почина на 50-годишна возраст на 31 октомври. Тој е најпознат по неговите улоги во „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“, кои му донесоа пет номинации за Еми награда.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Тајлер Кристофер. Тој почина утринава по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего“, напишала Пола Смит, сопругата на колегата на актерот Морис Бенард, кој глумеше со него на „Општа болница“, пишува „Пипл“.

Тажната вест ја објави и Морис Бенард на Инстаграм, истакнувајќи дека Тајлер го осветлувал екранот во секоја сцена што ја изведувал и уживал да им донесе радост на своите верни обожаватели.

„Тој беше мила душа и прекрасен пријател на сите што го познаваа“, порачал актерот и нагласил дека Тајлер Кристофер бил застапник на борбата за ментално здравје и борбата против зависноста. Тој се борел со биполарна депресија и алкохолизам.

„Ние сме многу уништени од загубата на нашиот драг пријател и се молиме за неговите деца и татко“, напиша тој.

Кристофер Тајлер го глумеше Николас Касадин во „Општа болница“ oд 1996 до 2016 година, додека од 2018 до 2019 година беше член на актерската екипа во „Денови на нашите животи“ .

Тајлер Кристофер беше во брак со поранешната репортерка на ЕСПН Бриен Педиго од 2008 до 2021 година, со која имаше две деца. Од 2002 до 2004 година, тој беше во брак со актерката Ева Лонгорија, со која се разведе по две години брак.

За актерот се грижеше неговата сестра од 2019 година, а тој во јули за „Блумберг“ зборуваше за повторно преземање на контролата врз својот живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде