Вистинска драма во живо се случуваше вчера во емисијата „Само Вистина“ на телевизијата Канал 5.
Гостинот Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на премиерот Ковачевски ги обвини новинарот Александар Видиновски и самата Телевизија за потценување на Албанците и ширење на национализам по што се разви жестока дискусија меѓу нив.
Во емисијата од дома, преку видео повик се вклучи и директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој застана зад Видиновски.
По расправијата со Рамадани тој одлучи емисијата да биде прекината, а советникот на Ковачевски да го напушти студиото.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, пак, остро го критикуваше потегот на директорот на телевизијата, Мирчевски.
-Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство.Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат.
Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан.
На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5. ГОЛЕМ срам за македонското новинарство, вели Георгиевски.