На автопатот Белград – Нови Сад кај Ковиље утрово околу 8 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени двајца мажи.
Како што дознава „Блиц“, комбе и џип се судриле и завршиле во канал покрај патот од Белград кон Нови Сад.
Во судирот се повредени двајца мажи на возраст од 57 и 44 години, кои по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на
Клиничкиот центар Војводина при Одделот за хирургија – изјави д-р Зоран Круљ, портпарол на Заводот за итна медицинска помош.
По истрагата што ја спроведе новосадската полиција, се уште не е позната причината за несреќата, а сообраќајот на оваа делница од автопатот е нормализиран по неколку часа.