Најчевска се огласи по инцидентот на Канал 5: Во моментот кога етничките Aлбанци добија високи функции во власта, граѓаните добија право да ги критикуваат, не затоа што се етнички албанци туку…

Вистинска драма во живо се случуваше вчера во емисијата „Само Вистина“ на телевизијата Канал 5.

Гостинот Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на премиерот Ковачевски ги обвини новинарот Александар Видиновски и самата Телевизија за потценување на Албанците и ширење на национализам по што се разви жестока дискусија меѓу нив.

Во емисијата од дома, преку видео повик се вклучи и директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој застана зад Видиновски.

По расправијата со Рамадани тој одлучи емисијата да биде прекината, а советникот на Ковачевски да го напушти студиото.

Професорката Мирјана Најчевска вели дека поранешниот пратеник треба да одговара за поттикнување етничка и национална нетрпеливост.

-Исмет Рамадани треба да одговара за поттикнување на етничка и национална нетрпеливост. И не, етничката припадност не смее да биде заштита од било која критика и адут кој се вади при посочување на криминалните активности на било кого во власта.

Во моментот кога етничките албанци добија високи функции во власта граѓаните добија право да ги критикуваат и повикуваат на одговорност,

не затоа што се етнички албанци туку затоа што се на такви позиции од кои решаваат за правата на сите граѓани во Mакедонија напиша Најчевска на фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде