Вистинска драма во живо се случуваше вчера во емисијата „Само Вистина“ на телевизијата Канал 5.
Гостинот Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на премиерот Ковачевски ги обвини новинарот Александар Видиновски и самата Телевизија за потценување на Албанците и ширење на национализам по што се разви жестока дискусија меѓу нив.
Во емисијата од дома, преку видео повик се вклучи и директорот на Канал 5, Иван Мирчевски кој застана зад Видиновски.
По расправијата со Рамадани тој одлучи емисијата да биде прекината, а советникот на Ковачевски да го напушти студиото.
Професорката Мирјана Најчевска вели дека поранешниот пратеник треба да одговара за поттикнување етничка и национална нетрпеливост.
-Исмет Рамадани треба да одговара за поттикнување на етничка и национална нетрпеливост. И не, етничката припадност не смее да биде заштита од било која критика и адут кој се вади при посочување на криминалните активности на било кого во власта.
Во моментот кога етничките албанци добија високи функции во власта граѓаните добија право да ги критикуваат и повикуваат на одговорност,
не затоа што се етнички албанци туку затоа што се на такви позиции од кои решаваат за правата на сите граѓани во Mакедонија напиша Најчевска на фејсбук.