Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 13 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Максимална дневна температура 20 степени.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите на места ќе бидат обилни и повремено поројни (над 30 л/м2) и проследени со грмежи.
Во петок и во деновите од викендот ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Славчо Попоски објави фотографии со врнежи од снег во САД.
Голем дел од САД е зафатен од првиот поголем продор на поларниот вртлог кој условува вистинска зима и обилни снежни врнежи, напиша Попоски.