Невремето Сиаран, кое денеска ја погоди Западна Европа, однесе најмалку шест животи, меѓу кои и петгодишно дете во Белгија, и предизвика сообраќаен хаос – затворање на пристаништата и одложување на бројни летови.
Поради невремето, железничкиот сообраќај во Фландрија беше делумно во прекин, а возовите кои сообраќаат во Белгија сообраќаа со намалена брзина.
Во Антверпен е во прекин поморскиот сообраќај, а на аеродромот во Брисел владее сообраќаен хаос, со одложени летови и долги доцнења.
Во Франција 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, на англиски остров дуваа ветрови со брзина од 160 км/ч
Во невремето на северот на Франција, покрај еден загинат, 16 лица, меѓу кои седум пожарникари, се повредени. Во Франција околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, најмногу во Бретања, од нив 780.000.
Невремето силно го погоди и југот на Англија, поради што беа откажани бродските и траектните линии од Довер. Затворени се и околу стотина училишта.
Црвено предупредување е издадено на островот Џерси поради ветровите кои дуваат со брзина од 160 км/ч. Сите летови од аеродромите Џерси, Гернзи и Орињи се откажани.
Whoahh! The heavens have opened in Vilafortuny in Cambrils, #Spain ☔️
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) November 2, 2023
via: @tukoberenguer #StormCiaran #Ciaran #BorrascaCiaran pic.twitter.com/G2OmMlZaf7
Aftermath footage and damage caused by storm Ciaran in Jersey, Channel Islands 🇯🇪 2 November 2023 #StormCiaran #storm #Ciaran#StormCiaran pic.twitter.com/c4R36l3COa
— Disaster Tracker (@DisasterTrackHQ) November 2, 2023