УЖАСНИ сцени од местото на несреќата: Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи во Сиќевачка Клисура во Србија

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи во Сиќевачка Клисура, а од фотографиите од местото на несреќата се гледа дека автомобилот е пресечен на два дела.

Имено, околу 11 часот дошло до судир на автомобил „застава“ и камион со романски таблички.

Засега не е позната судбината на останатите учесници.

Автомобилски делови се расфрлани по целиот пат, а автомобилот „Застава“ е преполовена.

Едниот дел од автомобилот е на сред улица, додека другиот е згмечен под камионот, може да се види на Инстаграм страната 192_rs.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде