Времето денес ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 километри на час).
Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови.
Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.
Во сабота времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат попладне во западните делови.
Потоа, во тек на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи, но со тренд на постепено намалување.