Од власта порачаа: Треба да се сменат седум закони за да се намалат платите на функционерите

Не може со еден закон да се адресираат сите 1.260 функционери, потребни се седум законски измени, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан дали ставката за платите на функционерите е опфатена со буџетот.

„Измената во еден закон значи дерогирање одредени права од друг закон, што е противуставно.

Работната група го разгледува тоа и набргу ќе има предлог за пред Владата, а потоа да биде проследен и до Собранието“, рече вицепремиерот.

Како што додаде, со буџетот сега се планираат одредени скратувања на обврските за зголемување на платите.

„Тоа што беше најавено помпезно дека ќе има зголемување, нема да се случи. Беше најавено дека заради методологијата сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи в година и го нема“, рече Битиќи.

Најави скратување во други области во коишто има непродуктивни трошоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде