Поздрав до сите загрижени и љубопитни! Жив и здрав сум, во друштво со внукот! – познатиот професор и епидемилог Драган Даниловски денеска на неговиот Фејсбук профил објави фотографија, демантирајќи ја грозоморната лажна вест дека е починат.
Поздрав до сите загрижени и љубопитни! Жив и здрав сум, во друштво со внукот! – познатиот професор и епидемилог Драган Даниловски денеска на неговиот Фејсбук профил објави фотографија, демантирајќи ја грозоморната лажна вест дека е починат и го ликвидирала фармацевтската мафија.
Продолжува трендот на лажни вести каде се злоупотребуваат јавни личности многу често луѓе од медицината каде се рекламира одреден лек.
Во случајот со Даниловски е објавена негова фотографија и покриено тело со прекривка каде има наслов дека познат доктор е убиен од фармацевтска компанија.
Пред еден месец Основното јавно обвинителство до судот поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице и едно правно лице кои се обвинети за три кривични дела.
Против 34 годишник било подигнато обвинение дека ги спротивно на Законот за заштита на личните податоци без согласност на тројца оштетни меѓу кои докторот Никола Пановски ги користеле името и фотографија дека рекламираат препарати.
Исто така и Канал 5 беше злоупотребен во делот за рекламирање на овие производи.