УХМР објави мапа: Силен дожд во овие делови од Македонија, еве во кој правец се движи

Под влијание на циклонска активност попладне ќе има врнежи од дожд, најпрвин во западните делови.

Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час), соопшти УХМР.

Утре ќе се задржи облачно и посвежо време со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови.

Во Скопје пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре во претпладневните часови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен правец.

УХМР објави мапа: Моментална радарска слика, линија на нестабилност Дебар, Кичево, југозападно од Скопје и Кратовско.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде