Утрово силен земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри,

79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.

Засега нема извештаи за материјална штета.

Перистери е шестата по големина населба во Грција и најголемото предградие на главниот град Атина.

Ѝ припаѓа на областа Западна Атина во периферијата на Атика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде