ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Момче кое имало само 17 месеци трагично загина откако го прегази полициски автомобил во Романија

Момче кое имало само 17 месеци трагично настрадало кога било прегазено од полициски автомобил во Браила, Романија

Полицијата била на должност и разговарала со родителите на момчето, додека малото момче си играло со своите браќа и сестри покрај автомобилот.

Во еден момент, без никој да забележи, момчето застанало пред возилото, а бидејќи се работело за џип, полицаецот не го видел кога тргнал.

Тој го удрил момчето и го прегазил со предното лево тркало.

Екипите на итната помош брзо пристигнале на местото на настанот и направиле обид за реанимација, но детето не можело да биде спасено.

Истрагата за трагичниот настан е во тек.

Според романските медиуми, полицаецот бил тестиран на алкохол на лице место и не било откриено присуство на алкохол во крвта.

Предметот е предаден на надлежното обвинителство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде