Момче кое имало само 17 месеци трагично настрадало кога било прегазено од полициски автомобил во Браила, Романија
Полицијата била на должност и разговарала со родителите на момчето, додека малото момче си играло со своите браќа и сестри покрај автомобилот.
Во еден момент, без никој да забележи, момчето застанало пред возилото, а бидејќи се работело за џип, полицаецот не го видел кога тргнал.
Тој го удрил момчето и го прегазил со предното лево тркало.
Екипите на итната помош брзо пристигнале на местото на настанот и направиле обид за реанимација, но детето не можело да биде спасено.
Истрагата за трагичниот настан е во тек.
Според романските медиуми, полицаецот бил тестиран на алкохол на лице место и не било откриено присуство на алкохол во крвта.
Предметот е предаден на надлежното обвинителство.